МакедонијаСиндикат

Одговорни лица ќе ги пречекуваат и испраќаат учениците

Одговорни лица ќе ги пречекуваат и испраќаат учениците-работник
229views

Со цел зголемување на безбедноста на учениците во основните училишта кои се наоѓаат на територијата на општина Карпош, општината во соработка со училиштата, назначи одговорни лица, вработени во самите училишта (од ненаставниот кадар), да се грижат за безбедноста на учениците.

Како што информираат од таму, станува збор за побезбеден пречек на учениците пред почетокот на наставата, грижа додека трае големиот одмор, и по завршување на наставата. Во унифицирани жолти елеци и знак стоп за пешаци, тие ќе ги спроведуваат учениците, односно ќе им помагаат додека ги поминуваат фрекфентните улици, во близина на основните училишта во Карпош. Оваа безбедносна новина, почнувајќи од годинава, ќе се спроведува секој училишен ден, преку целата година.

За зголемување на безбедноста на учениците, овој месец ќе има поставување на лежечки полицајци пред ООУ „Војдан Чернодрински“ во урбаната заедница „Владо Тасевски“, ООУ „Братство“ во урбаната заедница Тафталиџе 2, ООУ „Јан Амос Коменски“ во Тафталиџе 1, и ООУ „ Димо Хаџи Димов“ во Влае 2. Веќе ваков лежечки полицаец е поставен пред ООУ „Вера Циривири Трена“ во Карпош 2, дополнуваат од општината.

Извор: Слободен Печат