ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Одложено продолжението на производство во „Дрекслмајер”во Кавадарци поради коронавирусот

Одложено продолжението - Работник
113views

Одложено е продолжението на производство во германската фабрика „Дрекслмајер” во Кавадарци, поради коронавирусот. Претходно, најголем дел од околу 5.000 работници беа пуштени на колективен платен годишен одмор, како превентива од Ковид-19.

-Поради актуелната состојба со ширењето на коронавирусот, како и прекинатите нарачки од нашите клиенти, компанијата го одложи почетокот на производството. „Дрекслмајер” ги испорачува во точна секвенца и определено време токму оние автомобилски компоненти што во одреден момент ги нарачуваат автомобилските производители. Доколку нема нарачки од клиентот, не се одвива производствениот процес и не се произведуваат залихи. Повторниот старт ќе зависи од развојот на ситуацијата со светската пандемија, но и од развојот во автомобилската индустрија.

Повеќе прочитајте на mms.mk