ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Одлучувачки протести во Франција, штрајкови во сите сектори

Одлучувачки протести - Работник
174views

Денеска е одлучувачки ден за двонеделниот протест поради реформата во пензискиот систем во Франција, бидејќи сите синдикати повикале на штрајк и демонстрации.

Железничарите, наставниците, државните службеници, адвокатите, обвинителите и болничарите биле повикани на протести кои ќе бидат важен показател за Владата, пред продолжување на преговорите. Претседателот Емануел Макрон кој бара реформа на пензискиот систем, рекол дека сака Владата да продолжи да работи на измените, меѓу кои се зголемувањето на старосната граница за излегување во пензија на 64 години и укинување на специјалните привелегии за некои вработени.

Високиот комесар за реформа на пензискиот систем, Жан – Пол Делвоа, наречен „Господин на пензиите“, во понеделникот поднел оставка поради обвинението за конфликт на интереси, бидејќи не ги пријавил позициите кои ги акомулирал во Владата.

Францускиот штрајк поради планираната реформа влегол во 13 ден, а Владата и синдикатите разменуваат обвинувања за одговорностите за загубите предизвикани со штрајковите, демонстрациите и блокадите на сообраќајот.