- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Одобрени барањата на 5.141 работодавач за финансиска поддршка на плати

Одобрени барањата на 5.141 - Работник
148views

Управата за јавни приходи денес достави Известување до Генералниот Секретаријат на Владата на Република Северна Македонија за вкупно 5141 работодавачи кои ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на плата за месец април 2020 година.

Износот на одобрената финансиска поддршка изнесува 507,947,264 денари.

Advertisement

Ова е прво известување за одобрена финансиска поддршка согласно член 5 став 4 од Уредбата со Законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено – економската криза предизвикана од корона вирусот Ковид -19 , заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година. Се обработуваат и останатите поднесени барања за финансиска поддршка, за кои Управата за јавни приходи ќе го извести Генералниот Секретаријат на Владата на Република Северна Македонија по нивната финална обработка.

Advertisement
Advertisement