ЗанимливостиМагазинНаука

Одобрено: Нов чекор за истражување на животот надвор од Земјата

Одобрено: Нов чекор за истражување на животот надвор од Земјата - Работник
51views

Европската вселенска агенција ја одобри изградбата на вселенскиот телескоп ARIEL (Atmospheric Remote-sensing Infrared Exoplanet Large-research), кој ќе се користи за детално истражување на атмосферата на вонсончевите планети што кружат околу другите sвезди.

Мисијата ќе започне во 2029 година и ќе се обиде да одговори на прашањата: од што се состојат вонсончевите планети и како се формирале? Астрофизичарите на Универзитетот во Виена се одговорни за софтверот за позиционирање на телескопот и ќе учествуваат во научните подготовки за мисијата.

Позиционирањето на вселенскиот телескоп е клучно за мерењата направени од телескопот.

Екстрасоларните планети не се гледаат, но се откриваат со забележување на нивното гравитационо влијание врз ѕвездите. Телескопот ќе има примарно огледало во должина од еден метар со спектрометар и фотометар. Овие уреди ќе ја анализираат видливата и инфрацрвената светлина и ќе детектираат минимални промени во осветленоста на sвездите, додека екстрасоларните планети поминуваат пред нив.

Целта на собирање и анализа на овие податоци е да се добијат информации за хемискиот состав на атмосферите на вонсончевите планети и облаците што се наоѓаат во нивната атмосфера.

“За прв пат ќе можеме да ја објасниме динамичката атмосфера на планетите околу далечните sвезди, да ја испитаме можноста за живот на нив и со тоа подобро да ја разбереме врската помеѓу ѕвездите и нивните планети. Сигурно ќе откриеме нови видови планети со атмосфери што не можат да се најдат во нашиот сончев систем “, рече Мануел Гидел од Институтот за астрофизика и еден од водечките истражувачи на мисијата.

Извор: b92.net