СветСветот на работникотСиндикат

Одржан штрајк на автобуските превозници во Хрватска

Одржан штрајкот - Работник
30views

Вчера членовите на синдикатот за транспорт и врски и Сојузот на синдикати на возачи и транспортни работници на Хрватска одржале десетминутен предупредувачки штрајк, со кој сакале да предупредат на проблемите со кои се соочуваат. Тие побарале разговор со Министерот Олег Бутковиќ.

При предупредувачкиот штрајк во исто време, се одржал и протестот со возење на автобусите од загрепската абтобуска станица до Министерството за мориња, транспорт и инфрасктуктура.

На штрајкот со соопштение реагирале и од Министерството за море, транспорт и инфраструктура кое одговорило дека во вторник ќе се одржат разговори со незадоволните возачи. Министерството е „свесно за настанатата ситуација во јавниот линиски превоз на патници, како и активно работи на решавање на истата“, тврдат во соопштението.

„Така во меѓувреме изработен е нацрт предлог Правилник за линиски превоз на патници и спроведена е постапка за јавно советување кое заврши во јуни оваа година. Со оглед на бројните коментари кои пристигнале во текот на јавното советување (преку 600 забелешки), како од самите превозници и здруженијата на превозници, така и од повеќе жупании, наведените забелешки моментално се обработуваат. Со носењето на овој Правилник, помеѓу другото ќе се уреди и начинот и постапката на усогласување на возните редови, постапката за издавање на дозволи за јавниот линиски превоз на патници, како и постапката за усогласување на договори за превозот како јавна услуга“.

Синдикатите тврдат дека во предупредувачкиот штрајк учествувале повеќе членови, односно 80 проценти од нив.

Извор: Dnevno.hr