НовостиСветСветот на работникот

Одрон на Филипините затрупа два автобуса, повредени 11 рудари

   Време за читање помалку од минута

Свлечиште предизвикано од обилни дождови во јужна филипинска провинција затрупа два автобуса, при што беа повредени најмалку 11 лица, соопшти денеска агенцијата за катастрофи.

Свлечиштето се случило синоќа пред рудник за злато во градот Мако во провинцијата Давао де Оро каде автобуси ги земале вработените.

Повредените, меѓу кои и еден во критична состојба, се пренесени во болница, објави денеска агенцијата за катастрофи на градот Мако преку објава на Фејсбук.

Агенцијата за катастрофи издаде и наредба за евакуација на пет села во Мако, кој се наоѓа на островот Минданао.

Во јужниот регион Минданао од 28 јануари до 2 февруари се случија смртоносни поплави и лизгање на земјиштето, според податоците на националната агенција за катастрофи.