Економија

Од денеска полесно за работа во Германија – колку луѓе ќе ја напуштат државата?

Од денеска полесно за работа - Работник
516views

Од денеска полесно за работа во Германија. Стапува на сила новиот  закон за доселување на стручни работници  за земји кои се надвор од Европската Унија.

Засега нема точна бројка колку  работници би заминале, но  работодавачите се свесни дека одливот ќе биде голем .Велат дека многумина ги имаат подготвено документите уште од пред неколку месеци и чекаат само да заминат.

Според моите информации недело се даваат околу 100 тина работни визи се издаваат од германска амбасада. Многу од луѓето сите процедури ги имаат зваршено уште пред неколку месеци за да бидат подготвени кога ќе може веднаш да заминат, вели Миле Бошков- конфедерација на работодавачи

Бошков тврди дека за да се задржат младите  не се проблем само платите туку целокупноот општествено опкружување. Честите политички  избори  имаат голем удел во миграцијата.

Не се само платите граѓаните треба да добијат тоа што заслужуваат подобро здравствено пензиско осигурување, безбедност. Да почне добро да се менаџираат парите на даночните обврзници кои се собираат во буџетото. Политичарите се веќе досадни со нивните избори и придонесуваат за отселувањето на луѓето од земјава, тврди Бошков од  бизнисконфедерацијата на работодавачи.

Со новата регулатива се предвидува процесот на здавање на виза за квалификуваниот кадар да трае најдогло 4 до 6 недели.

Секој  кој има договор за работа или понуда ќе добие дозвола за престој на четири години или колку што трае договорот за работа.

Со законот побргу ќе се одвива процесот на признавањето на дипломите

Секој работник од трети земји кои ги има потребните квалификации може да работи во Гермнија.

По четиригодишен престој квалификуваните лица можат трајно да се населат во државата.

Германија е една од земјите каде послениве години  потојано заминуваат работници не само од тука туку и од целиот регион.

Кадарот кој главно се бара таму се градежници, молери, електричари, медицински персонал.

Според  статистиките  годишно до 10 илјади визи и дозволи за работа издава Германија за македонските работници.  Но нема точна бројка уште колку нелегално се на работа  таму.

Освен во Германија последниве две до три години  доста македонци заминуваат на работа и  во Хрватска, каде главно се бараат угостители.

Извор: Сител