ЕкономијаМакедонија

Од денеска почнува да се пресметува новата минимална плата од 14,500 денари

Од денеска почнува да се пресметува - Работник
389views

Законски утврдената минимална плата од денеска (1 декември 2019) во Македонија ќе изнесува 14.500 денари и е зголемена за 2.000 денари, а споредено со 2017 за 5.500 денари, пишува порталот За Се.

Државата ќе ги субвенционира и придонесите од 600 до 6,000 денари за сите компании од приватниот сектор кои ќе ги зголемат платите на работниците за оваа сума, независно дали се минимални или повисоки. Субвенциите ќе важат за следните три години.

Имено, Собранието ги изгласа Законите за минимална плата и за субвенционирање на придонеси, со што платите во државата ќе продолжат да се зголемуваат.

Минималната плата до денеска изнесуваше 12,507 денари. Овој пат, зголемувањето на минималната плата ќе важи и за јавниот сектор. 90 илјади граѓани примаат минимална плата од 12, 500 денари.