СветСиндикат

Од денес работниците на „Фиат“ во Крагуевац се на платен одмор

работниците на „Фиат“ во Крагуевац се на платен одмор - Работник
145views

Работниците на компанијата „Фиат Крајслер Автомобили Србија“ во Крагуевац ќе бидат на платен одмор до 31 јули. За тоа време, вработените ќе добиат надомест од 65% од платата.

Како што потпретседателот на Независниот синдикат „Фиат Крајслер автомобили“, Небојша Мандариќ го потврди за РТС во петокот, причина за прекинот на производството е усогласувањето со потребите на пазарот.

По тој период, од 3 до 21 август, работниците ќе бидат на редовен тринеделен колективен годишен одмор за тековната година, како што е редовно секоја година во истиот период, рече Мандариќ.

Извор: Б92