Наука

Од научна фантастика во реалност – американските научници создале кнесоботи

Од научна фантастика во реалност - Работник
652views

Науката никогаш не мирува и константно ги помрднува границите, а една таква е помрдната со создавање на таканаречени ксеноботи.

Американските научници направиле зомби роботи од реанимирани жабји клетки. На тој начин создале жив организам како ниеден досега невиден или созададен, а чија одлика е вршење на важни задачи додека истовремено може да се лекува самиот себеси.

Тие милиметар широки ксеноботи ги креирал суперкомпјутер користејќи се со еволуциски алгоритам за да направи илјадници можни дизајни на новиот организам. Подобрите од тие дизајни можат самостојно да се движат и да доставуваат товар (како на пример лек), како и истовремено можат и сами да се лечат ако станат физички оштетени.

Ксеноботите се направени со користење на матични станици собрани од ембрионите на африканските жаби, од видот Xenopus laevis и во теорија можат да обавуваат разни задачи во човечкото тело и вон него, од носење на лек во подрачјето на заболениот до внатрешноста на човечкиот организам, преку чистење на токсичниот и радиоактивен отпад, па се до собирање на микропластичен отпад во океаните.