МакедонијаСиндикат

ОД СОНК ЗАДОВОЛНИ ОД ИЗЛЕЗНОСТА И ШТО НЕМА ПРИТИСОЦИ ПРОТИВ ШТРАЈКОТ

ОД СОНК ЗАДОВОЛНИ ОД ИЗЛЕЗНОСТА И ШТО НЕМА ПРИТИСОЦИ ПРОТИВ ШТРАЈКОТ-работник
572views

Во сите региони каде што СОНК има синдикални организации, а буквално има во секоја општина, се почитува одлуката на Советот на СОНК да се пристапи кон предупредувачкиот штрајк и јас сум апсолутно задоволен. Од наши извори дознаваме дека и оние што не се наши членови на многу места се приклучуваат на штрајкот и им благодарам за нивното солидаризирање со нашата организација, изјави претседателот на СОНК Јаким Неделков.

Тој претпладнево го посети ОУ „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче каде што наставниците се на работа, но немаат активности, а денеска се примаат првачињата.

Неделков нагласи дека според нивни сознанија не се вршат притисоци врз наставници за да се прекине штрајкот.

– Онаму каде што се прифаќаат ученици и првачиња, тоа се колеги кои не се наши членови и кои не пристапиле кон штрајкот, додаде претседателот на СОНК.

Целиот текст можете да го прочитате тука