Спасовски наведе дека Владата е во секојдневна комуникација со земјите од регионот, додавајќи дека наскоро ќе може да се патува. Изјави и дека е донесена одлука рестораните и кафулињата задутре да започнат со работа.

Спасовски предупреди дека ова не значи дека коронавирусот исчезнал и дека сме го победиле. Нагласи дека вирусот ќе биде присутен додека не се стекне имунитет или не биде пронајдена вакцина.