ЕкономијаМакедонија

Од утре УЈП ќе работи од 08 до 14 часот

25views

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека од петок 27.03.2020 година го продолжува работното време од 08:00 до 14:00 часот во Регионални дирекции/одделенија/шалтери.

Причина за оваа одлука на Управата за јавни приходи во услови кога во земјата е прогласена вонредна состојба поради Корона вирусот COVID-19, е да им излезе во пресрет на сите оние обврзници кои се најпогодени од последиците од Корона вирусот COVID-19 и на кои им е потребно уверение за платени даноци и придонеси што ќе им послужи пред Развојната Банка на Северна Македонија.

Управата за јавни приходи ги советува и упатува апел до даночните обврзници наместо да доаѓаат лично во Управата за јавни приходи да го поднесат барањето за издавање на Уверение преку системот е-Даноци.
Во прилог е и листата на дејности кои може да аплицираат за кредитната линија на Развојната Банка на Северна Македонија.