СветСветот на работникотСиндикат

Од утре штрајк во училиштата во Хрватска

Од утре штрајк во училиштата во Хрватска - Работник
16views

Во хрватските основни и средни училишта утре започнува штрајк, бидејќи Владата не ги прифатила барањата за зголемување на коефициентите на платите во просветата од шест отсто, соопштиле денеска претставниците на образовните синдикати.

После разговорот на претставниците на Владата и синдикатите, Претседателот на Независниот синдикат на вработените во средните училишта, Бранимир Михалинец им рекол на новинарите дека процесот на помирување на успеал и дека од утре почнува штрајкот кој ќе трае до крајот на исполнувањето на барањата.

„Владата во целина ги одби нашите предлози. Понуди зголемување на додатоците од два отсто од 1 октомври и два отсто од 1 јуни 2020 година. Тоа за синдикатите не е прифатливо“, рекол Михалинец.

Тој објаснил дека за првпат ќе има „циркуларен штрајк“, што значи дека во четврток во штрајкот ќе учествуваат сите училишта, додека од петок ќе се одржува во другите жупании, за што синдикатите секојдневно ќе ја известуваат јавноста.

Михалинец рекол дека во штрајкот ќе учествуваат и наставниот и ненаставниот персонал.

Синдикатите ги повикале родителите на учениците на разбирање и поддршка, истакнувајќи дека учителите не можат да бидат најмалку платена алка во јавниот сектор.

„Ова не е борба против учениците, овој штрајк не е борба против родителите, туку за подобро образование, за нашата иднина и иднината на нашите деца. Овој штрајк преоѓа во борба за достоинство во Република Хрватска“, рекла Претседателката на синдикатот на хрватските учители, Сања Шпрем.

Министерот за труд, Јосип Алдаровиќ им рекол на новинарите дека Владата во овој момент им предложила максимално зголемување на додатоците на платите, што на синдикатите не им било доволно. Тој неколку пати рекол дека Владата мора да се грижи за „одржливоста“ и дека се надева дека сите „притфатиле“.

На прашањето како ќе се реши ситуацијата поради тоа што синдикатите најавуваат штрајк до исполнување на нивните барања, Аладаровиќ рекол дека нова прилика за разговори ќе има веќе во петок кога ќе се разговара и за додатокот во колективниот договор