- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникотСиндикат

Од Храватите полошо стојат само Романците и Грците

Од Храватите полошо - Работник
454views

Околу 28 % од Европејците не можат да си дозволат себеси една недела одмор вон местото на живеење.

Тој број бележи пораст на дури 60 % меѓу сиромашните работници, покажува истражувањето на Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК.

Овие работници, чии приходи се под прагот на сиромаштија, односно се помали за 60 % од просечната плата, најлошо поминуваат во Грција, каде 88,9 % не можат да одат на летување, се наведува во студијата.

Потоа следат Романија со 86,8 % и Хрватска со 84,7 %, пренесува Сибиз.

На четврто место е Кипа со 79,2 %, пред Словачка со 76,1 %.

Конфедерацијата истакнува дека нееднаквоста помеѓу најсиромашните работници и оние другите  пораснала кога станува збор за одмор во изминатата деценија во 16 земји членки.

Најмногу разлика во можност за одење на одмор помеѓу работниците со приходи пониски од просечната плата и останатите работници се во Хрватска, Грција, Бугарија, Чешка, Франција и Романија.  

Зголемувањето на нееднаквоста „покажува дека приходите од економскиот раст во Европа во минатата деценија не се распоредени рамноправно“, вели помошник генералниот секретар на ЕТУК Естер Линч.

ЕТУК се залага за подобрување на предлогот на европската директива која треба да ги зголеми најниските плати во ЕУ, а за која Европскиот парламент треба да расправа по летната пауза.

ЕТУК се залага за воведување на „праг на достоинство“ кој ќе гарантира дека со закон дефинираните минимални плати не можат да бидат помалку од 60 % од просечната плата, односно помали од 50 % од просечната плата во која било земја членка.

Моментално во 17 држави земји членки на ЕУ минималната со закон гарантирана плата е пониска од 60 % од националната просечна плата, истакнува ЕТУК.

ЕТУК застапува 45 милиони членови од 89 национални синдикати во 39 европски земји и 10 европски синдикални федерации.

Извор: b92.net

Фото: Depositphotos, lofilolo