Од 8-ми април архивата на АВМУ ќе работи од 9 до 14 часот
Време за читање помалку од минута
Согласно донесената одлука на Владата, за забрана и посебен режим на движење на населението (полициски час) на целата територија на државата, архивата на Агенцијата, почнувајќи од утре, ќе работи со изменето работно време од 09:00 до 14:00 часот.
Како и во изминатиот период, сите субјекти, правни и физички лица, целокупната документација во јасно читлива скенирана форма, можат непречено да ја доставуваат и преку е-адресата: contact@avmu.mk. Документацијата ќе се смета за уредно доставена, за што испраќачот ќе биде повратно известен.
Ваквиот начин на работење на Агенцијата останува на сила до завршување на ограничувањата пропишани од Владата.
Latest posts by Портал Работник (see all)