ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

ОЕЦД: На жените работници потребно им е колективното преговарање за да го надминат родовиот јаз

ОЕЦД: На жените работници - Работник
137views

Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД ги поддржа барањата на еврпските синдикати за проширувањето на покриеноста со колективно преговарање од страна на ЕУ за да се затвори родовиот јаз во платите, особено за жените кои работат во професиите кои се на првата линија на фронтот во борбата против вирусот Ковид – 19, соопштија денеска од Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК.

In a new report, the OECD said “women in temporary and part-time jobs face substantial gender wage gaps”, citing the example of essential workers like carers and cleaners.

Во најновиот извештај, ОЕЦД вели „жените кои се на привремени работни места или на работни места со скратено работно време се соочуваат со значителен родов јаз од аспект на платите“, посочувајќи ги примерите на есенцијалните работници, како згрижувачите и хигиеничарите.

Организацијата во којашто членуваат 22 земји членки на ЕУ, колективното преговарање го опишува како „моќна алатка“ за справување со родовиот јаз во платите и додава:

„За подобро да се објасни потенцијалот на колективното преговарање во редуцирањето на јазот во платите помеѓу ’не – стандардните’ работници, владите треба да настојуваат да ја зголемат покриеноста на колективното преговарање помеѓу жените во не – стандардните работни места“.

„Најголемо внимание треба да се посвети на не – стандардните работници во професиите каде што доминираат жените, како одржување на домаќинставата и згрижувачкиот сектор. Во некои случаи, специфични законски бариери можат да ги спречат жените работници во не – стандардните работни места, да имаат пристап до колективното преговарање“.

Нивните препораки доаѓаат откако Европската комисија се консултирала за мерките за справување со родовиот јаз во платите во Европа кој изнесува 16 %, како дел од стратегијата за родова рамноправност.

Препораките овозможуваат влијателна поддршка на барањата на ЕТУК до комисијата за да го поддржи колективното преговрање, заедно со обврзувачките мерки за транспарентни родови плати, како најдобар начин да се стави крај на родовиот јаз во платите.

„Потценувањето на професиите каде што доминираат жените постои и тоа не може да биде појасно сега, по Ковид кризата. Згрижувачките и хигиеничарките беа помеѓу хероите во кризата, но често живеат во сиромаштија поради јазот во платите. Доказите кои ги приложи ОЕЦД го поддржуваат она што синдикатите го велеа, а тоа е дека колективното преговарање е од големо значење за да се воспостави фер плата за нашите есенцијални работници“, рече Естер Линч, заменик генерален секретар на ЕТУК.

Таа истакна дека било која акција која ќе ја преземе Европската комија за да се справи со родовиот јаз во платите нема да биде кредибилна доколку не ги вклучи конкретните чекори за да се осигура дека сите жени работници ќе го имаат правото на колективно преговарање.