- Advertisement -
ЕкономијаНаукаСвет

Оженети, имаат три деца, носат очила: Како да препознаете милијардер

Оженети, имаат три деца, носат очила - Работник
206views

Не постои рецепт кој ќе ви помогне да се збогатите, но истражувањето покажало дека најбогатите луѓе на светот имаат одредени заеднички карактеристики. 

Оваа студија проучила 100 најбогати милијардери во светот, а експертите издвоиле шест карактеристики кои се типочни за најуспешните луѓе на светот, пренесува Каматица. 

Advertisement

„Инвестирање“ во семејство

Дали сте оженети? Имате ли три деца? Статистички, семејствата на поголемиот дел на милијардерите изгледаат така. 87 отсто од милијардерите се во брак, а 63 отсто имаат три или повеќе деца. Секако, големото семејство не е гаранција за успех, но се чини дека поддршката од семејствто може да помогне во решавањето на стресот и позитивно да влијае на претприемачите. 

Advertisement

Универзитет

Иако 14 отсто од 100 најбогати луѓе во светот немаат формално образование, или се откажале од факултетот, запишувањето на одредени универзитети и специјализирањето во одредени предмети може да ги зголеми шансите за успех. 

Физички изглед

Истражувањето покажало дека ако носите очила и сте ќелави, спаѓате во категоријата на типичен милијардер. Бројот на ќелави милијардери пораснал во последните две децении, но ова е тренд кој може да се објасни со стареењето. 

Машки клуб

Иако бројот на успешни жени расте, на скалата на 100 најбогати милијареди во светот се нашле само 8 жени. Исто така, сите жени на оваа листа го наследиле своето богатство, додека 69 отсто од мажите на скалата самостојно ги заработиле своите милијарди. 

Држава

Земјата од која потекувате може да има влијание врз вашиот деловен успех. Во Кина моментално има најголем број на милијардери, дури 596.

Останатите земји кои содржат голем број на милијардери е се Германија, Русија и Франција. 

Advertisement