ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Околу 750,000 вработени во авиоиндустријата во САД можат да останат без работа

Околу 750,000 вработени - Работник
185views

Десетици години на голем профит не ја спаси американската авио – индустрија од пандемијата на коронавирусот. Аналитичарите предвидуваат банкрот на голем дел од авиокомпаниите доколку Владата не им помогне, пишува Гардијан.

Вработените во авиокомпаниите најмногу ја чувстуваат кризата во индустријата и тие се преплашени.

„Не знаеме како ќе овозможиме храна за нашите семејства“, рече една струјардеса од Унајтед Ерлајнс во Кентаки, САД, за која Гардијан вели дека сакала да остане анонимна. „Работењето во оваа индустрија моментално е страшно искуство. Постојат многу непознати нешта. Вестите за корона вирусот се менуваат толку рапидно, што информациите кои ги добиваме, веднаш застаруваат“, вели стујардесата.

Големите авиокомпании во САД до 2019 година забележаа голем профтит, но корона вирусот го зеде својот данок. Колапсот во авио – индустријата загрозува 750,000 работници директно вработени од страна на американските авиокомпании.

Трите најголеми авиокомапнии во САД, Американ, Делта и Унајтед веќе ги замолуваат работниците да волонтираат за неплатено отсуство.

„Пред еден месец, никој не помисли дека ќе се соочиме со толку силна криза. Луѓето од неверување преминуваат на жалење, па на бес, па на надеж, па на порекнување и на повеќе бес. Патувањата се откажуваат од ден на ден, авионите се празни и патниците се нервозни“, рече стујардеса од Делта Ерлајнс во Мичиген која од Гардијан побарала да биде анонимна поради страв од одмазда кон неа.

Синдикатите бараат начини преку кои работниците би можеле да бидат исплаќани и со тоа да ги задржат работните места и да се потпрат на нивните регуларни плати, со тоа што авиокомапниите ќе ги почитуваат овие начини и нема да ги злоупотребат.

„Работниците сакаат да бидат сигурни дека авиокомпаните ќе преживеат, за да ги задржат работните места, но тие исто така сакаат да бидат сигурни дека ќе добијат некаква заштита“, рече Кип Хеџес, поранешен работник во Делта којшто е синдикален организатор во Меѓународната Асоцијација на Машинисти и авио работници (ИАМ).