Економија

Олеснето признавање дипломи за лекари, инженери и учители во Германија

Олеснето признавање дипломи за лекари, инженери и учители во Германија - Работник
222views

Минатата година во Германија биле признаени 36.400 дипломи издадени во странство- зголемување за 20 проценти во однос на 2017, велат податоците на сојузната влада.
Околу две третини од странците кои побарале признавање на нивните квалификации и тоа им било одобрено потекнувале од здравствениот сектор, покажуваат бројките на Сојузниот завод за статистика.
Од нив, 7.200 дипломи на лекари биле целосно или делумно признаени, како и 10.400 квалификации за друг медицински кадар. Меѓу останатите професии на кои во голем процент им биле признаени дипломите од странство се инженерите и учителите.
Германија се обидува да го зголеми бројот на квалификувана работна сила во критични сектори како медицината и образованието- и усвојува програми кои имаат за цел да привлечат повеќе работници.
На врвот на листата на земји чии квалификации и дипломи биле признаени во Германија е Сирија, со 4.800 барања минатата година.

На второ место е Босна и Херцеговина со 3.000 прифатени апликации, а следуваат Србија со 2.100 и Полска со 2.000.
Во 2018 година се зголемил и бројот на лица кои од странство аплицирале да им биде признаена дипломата. Речиси 6.000 луѓе го сториле тоа лани, за разлика од 2017 кога биле 3.500.
Германската министерка за образование Ања Карличек го поздрави порастот на бројот на признаени дипломи, наведувајќи дека тоа му помага и на стопанството и на обучените работници.
„Во истовреме, тоа ја забрзува интеграцијата на имигрантите во квалификувано вработување и со тоа ја зајакнува и Германија како дестинација за бизнис“, рече Карличек.
Признавањето на дипломата или квалификацијата е основен предуслов за наоѓање работа во Германија.

Целиот текст можете да го прегледате тука