ПравдаСветСиндикат

ОН објави база на компании кои нелегално оперираат во Палестина

ОН објави - Работник
174views

Светската Конфедерација на синдикати го поздравува објавувањето на датабазата на Обединетите Нации за 112 компании кои оперираат во нелегални израелски договори на палестинска територија. Голем број на колониите биле направени во Палестина со скандалозно непочитување на меѓународното право и бизнисите кои оперираат внатре се есенцијални за нивно понатамошно постоење.

Деведесет и четири од комапниите кои се наведени имаат седиште во Израел, додека четиринаесет се мултинационални корпорации, базирани во шест различни држави – Франција, Луксембург, Холанидја, Тајланд, Велика Британија и САД.

„Објавувањето на информациите е важен чекор кон активноста на бизнисите кои извршуваат илегални активности на Палестинска територија. Овие компании се одговори за кршење на човекови права и се активни без да бидат казнети. Потребно е да се стави крај на нивното илегално присуство и на Палестинските власти треба да им се платат десетици милиони долари за данокот кој сеуште не им е исплатен. Сега кога датабазата е јавна, синдикатите низ светот ќе притискаат да се преземе дејствије“, рече Генералниот Секретар на ИТУК, Шаран Бароу.

Во 2018 година, палестинската власт вкупната вредност на изгубените даночни приходи од овие бизниси ја стави на 360 милиони американски долари од 2000 година, што е еквивалентно на 35% од палестинскиот дефицит во тоа време.

ИТУК ја поддржува препораката Советот за човекови права на ОН, кој го објави извештајот, да назначи експертска група за понатамошно разгледување на проблемот. Ова треба да вклучува меѓународни деловни врски со компании класифицирани во базата на податоци со седиште во Израел.

„Градењето на одржливоста на палестинската економија е клучно за да се надмине длабоко вкоренетата сиромаштија и невработеноста таму. Економскиот развој е невозможен денес со сите ограничувања наметнати на Палестинците како дел од окупацијата. Да се ​​осигураме дека даноците што им се должат на Палестинците, да им бидат исплатени, бидејќи компаниите се извлекуваат од овие нелегални инвестиции, би било корисен чекор.

„Во исто време, Агенцијата на ОН UNRWA, која обезбедува круцијална економска поддршка на Палестинците, треба да собере 1,5 милијарди американски долари за оваа година, а ние ги повикуваме донаторските влади да придонесат за да го достигнат потребниот износ. Овие мерки би помогнале во хуманитарната акција, но само преку преговарачко, дво-државно решение – во согласност со резолуциите 242 и 338 на Советот за безбедност на ООН, Палестинците можат да имаат достоинство во својата земја и да градат одржлива економија “, рече Бароу.

Американскиот гигант Амазон, кој не е на списокот на ОН, се соочува со критики за понуда на бесплатни испораки на израелските населби, додека наметнува обвиненија за испорака на Палестинците. Амазон им понуди бесплатна испорака на Палестинците доколку ја променат адресата за испорака што им ја даваат од Палестина до Израел.