- Advertisement -
ЕкономијаСветСветот на работникот

ОН: Разорно влијание на пандемијата врз туризмот: 120 милиони работници останале без работа

ОН: Разорно влијание на пандемијата - Работник
143views

Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш изјавил дека пандемијата од Ковид – 19 ја уништила туристичката индустрија бидејќи се изгубени 320 милијарди долари во првите пет месеци од оваа година и повеќе од 120 милиони работни места се загрозени.

Гутереш преку видео конференција рекол дека туризмот е трет најголем извозен сектор, зад горивото и хемикалиите и дека сочинувал 7 % од трговијата минатата година. 

Advertisement

„Во туризмот е вработен 1 од 10 луѓе на Земјата и обезбедува средства за живот на стотици милиони луѓе. Тој ја зајакнува економијата. Им овозможува на луѓето да запознаат некои од светските културни и природни богатства и ги зближува“, рекол Гутереш. 

Генералниот секретар на ОН навел дека во првите пет месеци, поради пандемијата од корона вирусот, меѓународните туристички посети се намалени за повеќе од 50 %.

Advertisement
Advertisement

Гутереш рекол дека влијанието на Ковид – 19 врз туризмот претставува „голем шок“ за побогатите и поразвиените држави, но дека земјите во развој се потешко погодени, особено малите островски држави во развој и африканските земји. 

Туризмот за некои од тие земји претставува повеќе од 20 % од нивниот БДП, рекол тој. 

Advertisement