ПравдаСветСветот на работникот

ОН: Рекордно насилство над хуманитарните работници во 2019 година

ОН: Рекордно насилство - Работник
55views

Никогаш немало толку насилство над хуманитарните работници колку што имало минатата година, објавила Организацијата на Обединетите Нации. 

Високата комесарка на ОН за човекови права, Мишел Башлет во Женева истакнала дека „никогаш не смееме да ја заборавиме нивната љубов кон човештвото поради кое ги жртвувале своите животи“. 

Нападите на хуманитарните работници во 2019 година биле побројни од минатите години. 

Нападните биле 483 хуманитарци, 125 биле убиени, 234 повредени и 124 киднапирани во текот на 277 инциденти, наведува ОН, повикувајќи се на базата на податоци од истражувачкиот центар Хуманитериан Ауткомс. 

„Ужасни напади“ во последните недели

Во однос на 2018 година, се работи за раст од 18 % на жртвите. 

Само во последните недели „во ужасни напади“ се убиени хуманитарни работници во Нигер и Камерун, а од почетокот на пандемијата од Ковид – 19 бројни здравствени работници се нападнати во целиот свет, истакнуваат од ОН. 

Во текот на 2019 година, поголемиот дел од напади се во Сирија, Јужен Судан, Демократска Република Конго, Авганистан и во Централноафриканската Република. 

Во Мали и Јемен се забелжани двојно повеќе напади од 2018 година.