ЕкономијаМакедонија

Опаднат прометот на индустријата во јуни

Опаднат прометот на индустријата во јуни - Работник
173views

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, изнесува 95.3.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.3 %, Капитални производи за 5.0 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 9.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.4 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јуни 2019 година, во однос на мај 2019 година, изнесува 92.5, додека во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 109.5.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, изнесува 96.8.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи опаѓaње кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.2 %, додека пораст бележи кај Капитални производи за 53.2 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.4 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2019 година, во однос на мај 2019 година, изнесува 96.1, додека во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 100.3.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, изнесува 94.7.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.6 %, Капитални производи за 5.7 %,  Tрајни производи за широка потрошувачка за 21.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.6 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јуни 2019 година, во однос на мај 2019 година, изнесува 91.2, додека во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 112.6.