ЕкономијаСвет

Оптимистични во врска со корона вирусот: Фабриките повторно се отвораат

Оптимистични во врска - Работник
209views

Извршниот директор на Ејпл, Тим Кук рекол дека нивните фабрики во Кина повторно се отвораат и дека е оптимистчен во врска со борбата против корона вирусот во таа земја.

„Бројот на заболени паѓа од ден во ден и многу сум оптимистичен. Кога се работи за добавувачите, ги имаме насекаде низ светот. Имаме клучни компоненти од САД, а делови задржавме во Кина. Повторно ги отворивме фабриките во Кина, така да полека работат и се враќаат во нормала“, рекол Кук за Фокс Бизнис.

Според The Verge, технички Кук навел точни информации дека бројот на заболени во Кина паѓа, но се појавува во другите делови на светот, во Јужна Кореја, Италија и Иран.

Поради тоа корона вирусот и понатаму има влијание на глобалната економија и не е јасно како понатамошното негово ширење ќе влијае на другите аспекти од бизнисот, патувањата, јавното здравство и политиката.

Овој медиум истакнува дека Кук ова можеби го зборува само за да ги убеди инвеститорите дека работењето на компанијата е солидно иако акциите на Ејпл паѓаат во последните неколку денови поради грижата и вестите за корона вирусот.

Минатата недела компанијата во брифинг на инвеститорите им соопштила дека глобалниот ефект на борбата против коронавируост ќе доведе до пониски приходи во вториот квартал отколку што било очекувано.

Соопштиле дека нивните фабрики за производство на Ајфони повторно се отвораат, но и дека тоа оди побавно отколку што се очекувало.