- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Опфатот за субвенционирање на плати се зголемува од 1,624 на 1,974 лица, поддршка за отворање 700 вработувања…

23 илјади граѓани нема да добијат - Работник
169views

На денешната седница беше разгледана и усвоена Информацијата за ревидиран  Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година. Активните програми за вработување и услугите на пазарот на трудот имаат за цел да ја зголемат вработливоста на невработените лица преку различен вид на програми и мерки  со обезбедување на поддршка за креирање на нови работни места, обуки, работно ангажирање, како и обезбедување на услуги на невработените лица.

Согласно Информацијата, на предлог на Агенцијата за вработување планираниот опфат за субвенционирање на плати се зголемува на 1.974 лица, наместо планираните 1.624, односно наместо 361,288,000,00 за оваа мерка ќе зголемат средствата на 441,088,000,00 денари. Дополнителните средства ќе бидат обезбедени од нереализираните средства од останатите мерки кои беа донесени за намалување на невработеноста.

Според Информацијата поднесена од Министерството за труд и социјална политика од ИПА Акциската програма за 2020 година, сектор Конкурентност, иновации, земјоделство и рурален развој, се предлагаат две активни мерки, за самовработување (претприемништво) и формализација на постојни бизниси во услови на КОВИД-19, со која  се овозможува отворање вкупно 700 самовработувања, како и поддршка на микро, мали и средни претпријатија погодени со КОВИД-19 и финансиска поддршка за секое новоотворено работно место.