ЕкономијаМакедонија

Општина Аеродром: Поднесете даночна пријава за имот најдоцна до 31 јануари

Општина Аеродром - Работник
134views

Општина Аеродром ги потсетува даночните обврзници дека се должни најдоцна до 31 јануари 2020 година да поднесат даночна пријава за недвижниот имот што го поседуваат, а не е пријавен за оданочување.

 Со цел да се олесни постапката, граѓаните можат да го пријават данокот на имот во просториите на Општина Аеродром, односно на шалтер бр. 6, а за подетални информации да се јават на телефонскиот број 2401- 553.

Работното време на Општината е секој ден од 8:30 до 15:30 часот освен сабота и недела, а прием на странки за данок на имот се врши секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот.

Извор: Општина Аеродром