МагазинНовостиСветот на работникот

Општина Аеродром ќе даде по 4.000 евра на секое училиште за вработените затоа што работеле за време на здравствена криза

103views

Општина Аеродром ќе додели по 4.000 евра на секое училиште со цел да ги награди наставниците и вработените во училиштата (стручните служби и техничкиот персонал), затоа што работеле во време на здравствена криза.

Парите ќе бидат обезбедени со ребалансот на буџетот на општината, при што секое училиште од општината ќе добие по 500.000 денари за хигиена и тековно одржување. Обезбедени се средства и за образовни асистенти за учениците со посебни образовни потреби од прво до трето одделение во износ од 15.000 денари. Исто така, предвиден е и нов проект во вредност од 260.000 денари, преку кој на учениците со посебни потреби ќе им се овозможат пливачки активности со инструктор. Четири основни училишта ќе добијат проекти и сеизмички елаборати за нивна доградба, во висина од 4,2 милиони денари.

„Сите детските градинки ќе добијат еден милион денари за хигиена и тековно одржување и 18 милиони денари за одржување и санација на зградите, а ќе се скрати и рокот за доградба на детската градинка ‘Црвенкапа‘, која ќе почне кон крајот на годинава. Со ребалансот на буџетот одвоивме средства за 4 нови еколошки проекти, со кои очекуваме да се подобрат условите за поквалитетен живот на граѓаните“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Целиот текст прочитајте го на Сакам да кажам со клик ТУКА.