ЕкономијаМакедонија

Општина Гази Баба: Во буџетот за 2020 обезбедивме 400,000 денари за формирање на Јавно претпријатие за управување со објектите за култура и спорт

Општина Гази Баба - Работник
177views

Во буџетот за 2020 година обезбедивме 400.000 денари, средства за започнување на постапка за формирање на Јавно претпријатие за управување со објектите за култура и спорт во општината.

Општината располага со повеќе објекти за спорт, сали или игралишта, како и домови на културата. Наша желба е уредување и повторно враќање во функција на овие објекти. Затоа најпрво го регулираме нивниот имотен статус како објект на општината, а потоа преку ова Јавно претпријатие ќе имаме можност да аплицираме за средства од Владата, но и за започнување на постапка за ЈПП со цел повторно активирање на овие објекти.

Потребно е Советот во брз рок да го донесе буџетот на општината, а со тоа да се нормализира и откочи нејзината работа, објави од општина Гази Баба на фејсбук страната