ЗанимливостиМакедонија

Општина Демир Хисар утврди програма за контрола на бездомните кучиња

Општина Демир Хисар - Работник
167views

Од локалната самоуправа посочуваат дека за решавање на проблемот поврзан со зголеменото присуство на бездомни кучиња, за контрола на нивниот број, единствено решение е хуманиот начин на третирање на овие животни.

– Хуманиот третман подразбира згрижување и заштита на животните, но и заштита на безбедноста и здравјето на граѓаните во општината. Активностите за хумано третирање на бездомните кучиња-скитници ќе опфатат заловување на кучињата, транспорт до прифатилиште, прием и преглед од доктор по ветеринарна медицина, лабараториско испитување на заразни болести согласно прописите од областа на ветеринарното законодавство, вклучувајќи испитување од болеста лајшманиоза, ветеринарно медицински третман на кучињата, постоперативно сместување и нега, вакцинација и дехелментација, обележување со микрочип, враќање на заловените кучиња на реонот на нивно заловување или вдомување на кучињата, еутаназија на кучињата согласно прописите од областа на ветеринарното здравство и едукација и подигнување на јавната свест кај населението, информираат од општината, пишува Канал 5.

Целосниот текст прочитајте го тука