Македонија

Општина Ѓорче Петров: Два клуба со поддршка од општината за пензионерите

   Време за читање помалку од минута

Во периодот што следува на пензионерите од здружението од Ѓорче Петров ќе им бидат обезбедени два клуба.
Општината ќе ги преземе трошоците за просториите каде тие ќе го минуваат слободното време. Во иднина планираме и организирање повеќе заеднички настани и активности.
Секогаш е убав момент за дружба и разговор со нив, користење на нивните идеи и нивното животно и работно искуство.