Македонија

Општина Ѓорче Петров издаде оглас за ангажирање на тројца волонтери

   Време за читање помалку од минута

Општина Ѓорче Петров распишува оглас за ангажирање на тројца волонтери од територијата на општината и пошироко.
Лицата треба да се пријават во Општина Ѓорче Петров. Предност имаат лица кои имаат завршено социјална политика.

Општата цел на патролната социјална служба е детектирање и превенција на проблемите кои постојат на територијата на Општина Ѓорче Петров.

Патролните социјални работници мораат да ги искористат сите постоечки ресурси во локалната заедница: теренски посети, упатување и придружба до институции, континуирана комуникација со соодветна служба за решавање на конкретен проблем со семејствата, изработка на списоци и закажување на средби со семејствата и лицата, месечни извештаи, помош при прибирање на документи за еднократна парична помош заради исполнување на истата, пополнување на дата база податоци, хуманитарни акции, помош при достава на мебел итн.