Светот на работникот

Организаторите на колективното заминување на работниците од Гугл се соочуваат со одмазда

Организаторите на колективното заминување на работниците од Гугл се соочуваат со одмазда - Работник
107views

Двајца активисти вработени во Гугл, рекле дека им се одмаздиле поради тоа што помогнале да се организира колективното напуштање на илјадници вработени во Гугл во Ноември минатата година. Тие планираат да се состанат во петок во општинската зграда за да дискутираат околу наводната одмазда.

Во пораката пратена на многу интерни мејлови на Гугл во понеделникот (вчера), Мердит Витакер која го води истражувачккиот отворен центар на Гугл, рече дека откако компанијата се откажала од нејзниот надворешен етички совет на 4 април, нејзината улога „драстично се сменила“. Витакер изјави дека и било речено, за да остане во компанијата, таа требало да ја напушти работата во етичкиот совет и да го напушти Инситутот, при Њујоршкиот универзитет, чиј ко – основач е самата таа.

Клер Стејпелтон, уште една од активистите кои го организирале колективното заминување која воедно има 12 годишно искустгво во компанијата, рече во мејлот дека два месеци после протестот, и било речено дека ќе биде преместена од позицијата маркетинг менаџер на Јутуб и ќе го изгуби својот углед. Откако проблемот ексалирал до секторот за човечки ресурси, таа рече дека и понатаму се соочувала со одмазда. „Мојот менаџер почна да ме игнорира. Мојата работа им ја даваше на други луѓе и ми беше речено да заминам на боледување, иако јас не сум болна“, напиша Стејпелтон. Откако најмила адвокат, компанијата спровела истрага и го поништила нејзиното деградирање. „Работата ми е вратена, но околината остана непријателски настроена и ме тера да размислувам на отказ речиси секој ден,“ додаде таа.

Витакер и Стејполтон се две од вкупно седум вработени кои помогнале да се организира масовен протест во Ноември на кој 20,000 вработени во Гугл, на кратко излегле надвор од канцелариите за да протестираат против лошото снаоѓање на компанијата со наводното сексуално вознемирување.

Портпаролот на Гугл рече: „Ние ја забрануваме одмаздата на работното место и ги истражуваме сите наводи. На вработените и тимовите редовно им се даваат задачи или се реорганизираат, за да бидат во тек со развивањата кои му се потребни на бизнисот. Овде никогаш немало одмазда.“ Витакер и Стејполтон не одговорија веднаш со коментари.

Извор: Wired