ЕкономијаМакедонија

ОРМ ќе предложи нови мерки за бизнисот заради намалување на штетите од кризата предизвика од Ковид-19

ОРМ ќе предложи нови мерки за бизнисот - Работник
92views

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) спроведува анкетно истражување кое треба да даде попрецизна слика за обемот и последиците од намалената економска активност во земјата предизвикана од кризата со пандемијата од Ковид-19.

Истражувањето се спроведува по електронски пат, преку анкетен прашалник кој е доставен до членките на ОРМ, а истиот е достапен и за останатите компании преку линкот: https://www.surveymonkey.com/r/org-rabotodavaci. Целта е што поголем број микро, мали, средни и големи компании од сите сектори да дадат информации за нивна тековна состојба и мерките што ги преземаат за да ги ублажат проблемите со кои се соочуваат во актуелната криза, како и за видот на поддршка што тие ја очекуваат од Владата.

Повеќе прочитајте на ТВ21.мк