Занимливости

Оскарите во бројки: Церемонијата чинела 44 милиони долари, за поставување на црвениот тепих биле потребни 900 часа

Оскарите во бројки - Работник
143views

Овогодишното, 92 доделување на Оскарот во театарот Долби во Лос Анџелес чинело вкупно 44 милиони долари, се наведува на финансиската веб страна Волетхаб.

Се додава дека 24,700 долари се потрошени само за црвениот тепих. Поставувањето на црвениот тепих, на површина од повеќе од 1,500 квадратни метри, барало работа од 900 часа и екипа од 18 луѓе.

Дел од тепихот ќе биде рециклиран, а дел ќе биде поклонет на некоја хуманитарна организација.