ЕкономијаМакедонија

Ослободување од даноци и придонеси за оддржување во живот бара бизнис заедницата

205views

Ослободување од плаќањето даноци и придонеси кон државата, одложено плаќање на долговите кон банките, еднократнен отпис на камати  и поголем сет мерки за субвенционирање на критичните сектори  бараат бизнисмените, за надминување на последиците од коронавирусот.

-Да нема казнени камати од УЈП за таквите каснења, да се обезбедат евтини краткорочни позајмици со помала камата од ЕБРД. Преку Народната банка да се влијае на банките за намалување на каматите, вели претседателот на Организацијата на работодавачи.

Во меѓувреме, за да поевтинат кредитите, Народната банка ја намали референтната камата за  0,25 процентни поени и  сега изнесува 1,75 отсто. Оттаму велат дека сите мерки кои што се преземаат за спречување на ширењето на коронавирусот имаат последици на понудата и побарувачката во економијата, но и на довербата на потрошувачите и инвеститорите, а со тоа и врз вкупниот раст на економијата.

-Големината на вкупните негативни економски ефекти тешко може да се одреди поради неизвесноста околу времетраењето и силината вирусната инфекција. Иако тековниот шок е од неекономска природа и најверојатно нема да го загрози долгорочниот потенцијал за раст и макроекономските основи на економиите на трајна основа, неговите ефекти на краток рок врз глобалната економија најверојатно ќе бидат изразени и ќе се одразат како големо забавување или намалување на глобалната економска активност, велат од Народната банка.

Бизнисот апелира до Владата со евтини кредити да се задолжи кај меѓународните фондови за да можат да се исполнат барањата. Од Централната банка пак, велат дека разгледуваат и дополнителни мерки за поддршка на економијата, кои ќе ги стимулираат банките  да ги поддржат најпогодените сектори во економијата.

Имуна на корона вируост не остана ниту македоснката берза. Таа денеска

го запре тргување на еден час, откако акциите загубија 7 отсто од вредноста. Согласно новите правила, тргувањето се стопира на еден час ако акциите паднат до 7%. Но, по ооворањето, падот  продолжи и берзата заврши со загуба од 8,68 отсто на берзанскиот индекс.

Од берзата велат дека во текот на денот може да има само еден прекин, но ако има потреба, ќе реагираат и на друг начин.

Извор: Сител