ЕкономијаСветСветот на работникот

Отвораат нови 70,000 работни места во пресрет на празниците

Отвораат нови 70,000 работни места - Работник
192views

Индиската компанија за онлајн трговија Флипкарт, чиј мнозински сопственик е Волмарт, најавила дека ќе креира 70,000 нови работни места. 

Од таму најавиле дека ќе вработат што е можно повеќе доставувачи и други работнци, за да подготвено го дочекаат растот на онлајн купувањето во текот на сезоната на празници во Индија. 

Флипкарт, кој е сличен на Амазон и Рилајнс индустриз, се натпреварува со нив за удел во растечкиот пазар на онлајн малопродажба кој доживеал огромен скок откако започнала пандемијата од коронавирусот, со оглед на тоа дека се повеќе Индијци ги користат телефоните за купување на намирници и останати работи. 

Празниците на Флипкарт – „Big Billion Days“ кои се правени по примерок на Амазоновиот „Prime Day“, на оваа компанија и носат најмногу заработка во годината. Траат четири или пет дена и обично почнуваат во октомври, за да се искористи празничната сезона во Иднија која се завршува со Дивали.

Компанијата рекла дека ќе пријави и повеќе од 50,000 „кирани“, односно мали продавници, за кратки испораки. 

„Истовремено со креирање на директни прилики за вработување ширум ланците на Флипкарт, кои вклучуваат доставувачи, пакувачи и сортери на роба, ќе се создадат и ‘индиректни’ работни места на локациите на партнерите на Флипкарт и локалните продавнции“, навела компанијата во соопштението, пренесува Ројтерс.  

Претходно овој месец, овој онлајн малопродажен ланец лансирал и онлајн велепродажен сервис – „Flipcart Wholesale“, за семејни и други мали бизниси.