Правда

Отворено писмо до политичарите…

Отворено писмо до политичарите... - Работник
205views

Претседателката на Здружението „Гласен Текстилец“, Кристина Ампева на својот фејбук профил објави отворено писмо до политичарите. Писмото ви го проследуваме интегрално:

Отворено писмо до политичарите!

Драги политичари.
Секојдневно има повици за донации од млади, деца, родители, возрасни луѓе. Се трудиме кој колку може. 100 денара донација по телефон, ќесе облека ваму, ташна таму, прибор за училиште на трето место, тепих, нешто мебел. Кој колку има и може. Ама се обидуваме да излеземе колку толку во пресрет согласно нашите можности. Нели и ние кубуриме, каснења на плати, минимални плати, хонорари некакви. Ама ете, колку можеме, излегуваме во пресрет. Не е една фб група за помош со донации, не е еден повик за итна помош за некое детенце за лечење.
Драги политичари.
Сега ви се обраќам Вам, по овие слики ќе видите дека никој вака не заслужува да живее. Посебно не деца, иднината на оваа земја. Овој пат заземете се и вие. Ние ќе помогнеме секако согласно нашите можности, но вашите можности се многу поголеми.
Со почит, граѓанка, некоја која редовно плаќа данок и сметки.