- Advertisement -
МагазинНовости

Отврен мини ЗОО Парк во средното училиште СУГС „Браќа Миладиновци“

Отврен мини ЗОО - Работник
290views

Денеска, во присуство наминистерката за образование и наука, Мила Царовска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, , градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Кисела Вода, ФилипТемелковски и многу медиуми, беше отворен за јавност мини ЗОО Паркот на нашето училиште СУГС „Браќа Миладиновци“.

Во конкуренција на триесетина средни училишта од државава, токму ние со Проектот за мини ЗОО Парк и Систем за Аквапоника, победивме на натпреварите во организација на Фондот за иновации и технолошки развој и UPSHIFT програмата на Уницеф.

Advertisement

Со средствата во износ од 120 илјади денари, ние ја доуредивме нашата зоолошка градина и од денеска ја отворивме за сите посетители. Влезот е бесплатен, концептот не е да се заработува од наплата на влезници, туку врз основа на добровелен прилог кој посетитилите ќе го донираат во касата на влезот, ќе помогнат за полесно одржување на ЗОО Паркот и грижа за животните. Истовремено, на влезот на сите посетители кои ќе сакаат да ги хранат животните и птиците од паркот, бесплатно ќе се дели строго препорачана храна за секое животно/птица поединечно.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска истакна дека „ ЗОО паркот и аквапоника системот во средното земјоделско – ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во општина Кисела Вода ќе им помогнат на учениците во практична обука и стекнувањето квалитетни компетенции и вештини. Ова е пример што треба да се следи. Колку повеќе сите заедно вложуваме во подготовката на учениците, толку полесно тие ќе се вклучат на пазарот на труд или ќе отворат свои бизниси и ќе станат продуктивен дел од нашата заедница.“

Advertisement
Advertisement

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопантсво Арјанит Хоџа, изјави дека учениците од земјоделско-ветеринараната струка, секогаш ќе и бидат потребни на една држава. 

 „Јас верувам дека сите средни училишта во Република Северна Македонија постојано остваруваат успеси и постигнуваат одлични резулати, но ова училиште е посебно, бидејќи е единственото средно училиште кое има своја сопствена мини зоолошка градина со многу животни и птици. Јас би ги повикал најмногу полуматурантите, особено оние кои сакаат природа и животни, да го посетат училиштето и да се уверат дека овде ќе учат опкружени со пририда. Ќе се дружат со животните додека истовремено се грижат за нивната благосотојба. Ќе научат зошто аквапониката е еден од најсовремените производствени процеси во кои животот во симбиоза на различни биолошки видови, дава одлични резултати во земјоделското производство. Ете тоа е иднината, тоа се тие напредни иновативни идеи. Тоа е познатата младешка енергија, која носи развој“ изјави министерот Хоџа.  Тој додаде дека земјоделството е иднината. Всушност, земјоделството не е само иднина, тоа е основа. Без земјоделство, без производство на храна, без одржливо управување со природните ресурси, и сите други  неопходни услови за живот, човекот неможе да опстане. Дури и да сме најдобрите ИТ инженери, правници, економисти, доктори, основно е да има доволно храна и тоа за целиот свет. А токму тоа е задачата на сите земјоделски експерти.  Затоа развиените држави имаат најразвиено земјоделство и инвестираат постојано во развој и јакнење на секторот.

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов изјави: „Ова е едно од училиштата во коешто и јас како градоначалник пред некаде околу три години ја препознав таа креативност и како што самите можете да видите денеска целосно се оправдани поддршката и вложувањата што ние ги дадовме како Град, Министерството за образование и наука, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Кисела Вода. Денеска можеме да присуствуваме на официјалното отворање на реновираната зоолошка градина која има повеќе од триесет различни видови животни, што постоеше во рамките на училиштето меѓутоа ние ја изреновиравме и сега ја правиме достапна за граѓаните. Влезот ќе биде бесплатен, меѓутоа сакаме до колку некој сака да даде средства за влез и да го поддржи овој процес којшто е резултат на вредните и бистри умови на средношколците пред се, нивни вредните раце, како и на поддршката на нивните наставници и на Градот Скопје

Директорката на СУГС„Браќа Миладиновци“ Елизабета Ангелеска, изјави дека е горда на своите ученици и ги повика сите вљубеници во природата да го посетат мини ЗОО Паркот а  полуматурантите, да се запишат во нашето училиште и да учат непосредно грижејќи се за животните и уживајќи во прекрасното опкружување на хортикултурно уредениот двор.

Advertisement