Светот на работникот

Откажан штрајкот на пилотите на „Бритиш Ервејз“

Откажан штрајкот на пилотите на „Бритиш Ервејз“ - Работник
185views

Пилотите на авиокомпанијата Бритиш ервејз се откажале од штрајкот најавен за 27 септември, соопштил синдикатот Балпа и додал дека тоа е гест на пилотите за да се пронајде решение за прашањето околу нивните плати.

Синдикатот навел дека треба да се спречи влошувањето на ситуацијата пред да се „направи недонаместлива штета“.

Балпа предупредил дека доколку британската авиокомпанија одбие преговори, постои можност за нов штрајк.

Пилотите веќе два дена штрајкувале, 9 и 10 септември, што е прв штрајк на пилотите на Бритиш ервејз.