ЕкономијаСветСветот на работникот

Откази за уште 11,000 работници

Откази уште за 11,000 работници - Работник
95views

Забавниот парк Волт Дизни Свет на Флорида планира да отпушти уште 11,000 работници поради пандемијата од коронавирусот

Со тоа вкупниот број на укинати работни места во текот на пандемијата ќе достигне речиси 18,000.

Се работи во главно за вработени на половина работно време кои ќе бидат отпуштени до крајот на годината.

На почетокот на неделата веќе се отпуштени 720 актери и пејачи поради тоа што многу претстави се откажани заради пандемијата, пренесува АП.

Отказите се дел од одлуката на компанијата Волт Дизни да укине 28,000 работни места во своите тематски паркови во Калифорнија и Флорида.

Парковите на Дизни се затворени пролетта кога започнало ширењето на вирусот во САД. Паркот во Флорида е отворен за време на летото, но со почитување на епидемиолошките мерки.