МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Откако Министерката го искара Претседателот на Кривичен прекинаа протестите на УПОЗ

Откако Министерката го искара - Работник
225views

Помина една недела откако судските службеници излегоа на протест за подобрување на нивниот економско-материјален статус, но очигледно откако Министерката за правда “го искара” претседателот на кривичниот суд Скопје-Иван Џолев, прекинаа и барањата на синдикатот на УПОЗ. Во февруари оваа година судската администрација во Основен суд Скопје 1 имаше најава за штрајк со сите исполнети законски обврски и потпишани наши членови кои ќе штрајкуваат, но тогаш Претседателот на Основниот суд Скопје 1, ги повика вработените и побара од нив лично да се изјаснуваат кој ќе штрајкува, така што очигледно е дека тогаш му сметало, а сега го поддржува протестот, соопштија од САДУ.

„Наша морална одговорност пред сите судски службеници е да ги запрашаме одговорните актери во овој протест зошто сега молчат и дали судските службеници што излегоа на протест се повторно изманипулирани како и многупати досега“, велат од САДУ.

Од САДУ го повикуваат синдикатот на УПОЗ да продолжи со своите активности како што беше најавено во спротивно судските службеници повторно ќе се чувствуваат изманипулирано, за што имаат бројни поплаки и јавувања во синдикатот.

Тие уверуваат дека и покрај поддршката која им ја дале, ќе продолжат со порадикални чекори со цел да ги остварат правата на судските службеници во оној степен што заслужуваат и дека повеќе нема да толерираат протести за да се покачат платите на судиите, а тие да останат со празни џебови.