Наука

Откриена првата озонска дупка на Арктикот

Озонска дупка - Работник
121views

Германски научник тврди дека ја открил правата дупка во озонска обвивка над Северниот пол, пренесува дпа.

Во последните две недели дебилната на озонската обвивка над Арктик била под дебелината на озонската обвивка на Антарктик, каде се наоѓа озонска дупка, изјавил Маркус Рекс, раководител на отсекот за атмосферска физика на Институтот Алфред – Вегнер.

„Во зоните каде дебелината на озонската обвивка е на својот максимум, губитокот е околу 90 проценти“, рекол Рекс.

Се работи за подрачје кое три пати е поголемо од Гренланд. Севкупно со губитокот на озонот е зафатено подрачје од 20 милиони квадратни километри или 10 пати повеќе од површината на Гренланд. Според Рекс, до тоа дошло поради исклучиво силен поларен вртлог во текот на оваа зима и ниски температури во стратосферата, каде е смесетена озонската обвивка.

„Моментално тие воздушни маси сеуште се насобрани над Артктик и поради тоа луѓето во Европа не мораат да се грижат дека ќе изгорат на сонцето побразо. Можно е воздушната маса во април да замине од средишен Арктик кон Европа“, појаснил научникот.

Производството на хлорофлоројагленот, множеството на споеви кои ја оштетуваат озонската обвивка, забрането е пред доста години и без таа забрана озонската обвивка би била во полоша ситуација.

Но, додава Рекс, тие материи имаат големо период на задржување.

Се чини дека озонската дупка на Антарктикот, откриена во 1985 по што е договорен Монтреалскиот протокол и забранет е хлорофлоројагленот, полека се затвора. Во 2019 година била најмала во изминатите 30 години.