Наука

Откриени таинствени сигнали од вселената кои се повторуваат: Од каде потекнуваат?

Откриени таинствени - Работник
256views

Таинствените сигнали кои пристигнале од оддалеченост од пола милијарда светлосни години се повторуваат во правилно растојание.

Дали сме сами во вселената? На ова прашање научниците со години се обидуваат да најдат одговор. И иако тврдат дека статистички е невозможно да сме во потполност сами и дека е прашање на време кога ќе пронајдеме други облици на живот, досега тоа не се случило.

Но, се чини дека научниците направиле еден чекор напред кон исполнување на таа цел.

Во текот на години истражување на вселената научниците забележале таинствени радиосигнали кои доаѓале од длабоката вселена. Повремено тие сигнали се повторувале.

Но, таинствените сигнали кои пристгнале од оддалеченост од пола милијарди светлосни години се повторуваат во правилно растојание.

Во периодот од 16 септември 2018 до 30 октомври 2019 година, научниците кои работат на кандскиот експеримент за мапирање на водородниот интензитет и откривање на радио бранови од вселената, откриле примерок во сигнали кои се појавуваат на секои 16,35 дена. Во текот на четири дена би забележиле неколку сигнали, по што ги снемува на 12 дена.

Истражувачите сега настојуваат да ја откријат точната точка на тие сигнали, за да откријат што ги произведува. Засега следеле неколку сигнали кои имале различни точки, што и ја разбудиле таинственоста.

Во истражувањето кое допрва треба да се објави запишале неколку потенцијални причини за таинствените сигнали – од орбитралното движење на ѕвездите или вселенските тела, до неутронски ѕвезди (најмалите ѕвезди во вселената кои се остаток од супренова).

Планираат да продолжат да истражуваат и други таинствени сигнали за да откријат дали тие се повторуваат во правилно растојание или тоа е одлика само на овој сигнал, како и што е тоа што го причинува.