Наука

Откриено е како е настанато срцето на Плутон

Плутон - Работник
350views

Во текот на својот лет покрај Плутон, Њу Хорајзонс, мисијата која ја покренала НАСА, направила фотографии на кои се гледа дека оваа џуџеста планета има површина во облик на срце. Новото истражување од ова подрачје воспоставило дека овој дел на Плутон е многу ветровит, а ваквите временски прилики би можеле да бидат причина за неговиот облик на срце.

Ова подрачје се нарекува и регион Томбау, по астрономот Клајд Томбау кој го открил Плутон во 1930 година.

Плутон со својот релјеф ги изненадил научниците

Поголемиот дел од азотниот мраз на оваа џуџеста планета може да се најде на ова подрачје, а ледените плочи се големи и до 100,000 километри. Базенот е во левиот дел на срцето, додека на десната страна се азотните мразови и висорамнини.

Пред сондата Њу Хорајзнос да тргне покрај неа, сите мислеле дека Плутон е рамна планета, без разникоитост во релјефот, но ситуацијата е потполно поинаква. Тој има полно релјефни облици и научниците сега се обидуваат да утврдат зошто е тоа така.

Атмосферата на Плутон е околу 100,000 пати поретка од таа на Земјата и се состои од азот, јаглероден моноксид и метан.

Преку ден замрзнатото азотно срце на Плутон се загрева доволно за да испарува, а навечер се кондензира и повторно се претвора во мраз. Истражувачите оваа појава ја нарекуваат „отчукување на срцето“ на Плутон кое ја контролира атмосферската циркулација на азотните ветрови на неа.

„Ова не доведува до заклучок дека атмосферата на Плутон и нејзините ветрови, дури и ако густината на атмосферата е многу ниска, може да влијае на неговата површина“, вели Бертранд, астрофизичар и планетарен научник во НАСА и водечки автор на новата студија за планетите.

Што ако ветровите се движат во спротивна насока?

Истражувачите утврдиле дека азотниот ветер се движи во спротивен правец во однос на ротацијата на Плутон и дека покренува топлина, замрзнати зрна и други честички кои се блиску до нејзината површина, оставајќи траги на северните и северозападните подрачја.

Откриено е и дека западните ветрови на Плутон предизвикуваат пара од азотен мраз на север и креирање на мраз на југ. Ова е единствената функција кога се работи за планетите во Сончевиот систем.

Западните ветрови се јавуваат на четири километри над површината на Плутон, но воздухот под нив брзо се движи, создавајќи насоки на движење на ветрот околу западната граница на замрзаниот базен. Рабовите на базенот го заробуваат студениот воздух, каде што тој се зацврстува пред да прејде преку регионот.

Овие регионални временски појави можат да обезбедат подобро разбирање на мрачните траги и рамници на западот од базенот. Научниците веруваат дека Плутон повторно би се променил кога ветровите би се движеле во спротивен правец.