Наука

Откриен нов вид на отровен виолина пајак

Откриен нов вид на отровен виолина пајак - Работник
280views

Група на студенти и нивниот професор од Националниот автономен универзитет во Мексико неодамна откриле нов вид на виолина пајак во Мексиканската долина, плато во централно Мексико, во кое се издигаат планини.

Наречен е „Loxosceles tenochtitlan“, а името потекнува од древната престолнина на ацтечкото царство, градот Теночтитлан. Пајаците кои припаѓаат во овој вид наречени се виолина пајаци поради шарите на грбот кои потсетуваат на овој инструмент. Од 140 видови кои постојат во светот, во Мексико има барем 40 од нив.

Каснувањето од виолина пајакот не е фатален, но може да предизвика многу проблеми и бара медицинска нега. Започнува како оток кој не боли многу и ја менува бојата од пурпирна во розева.

Моќен отров кој предизвикува некроза

Лесно може да се помеша со инфекција на кожата. Меѓутоа, многу пајаци кои припаѓаат на овој вид имаат моќни отрови кои го разоруваат ткивото, од кои скапува месото, што е процес кој научно се нарекува некроза. Концентрацијата на отровот може да варира, а научниците се сомневаат дека поголемиот дел, ако не и сите видови имаат ваков отров.

Раната на кожата може да се одржи и неколку месеци. Сериозните болести и смртта се ретки, но понекогаш може да биде и потребна интервенција од страна на пластичен хирург.

Критично може да биде првите 24 часа, понекогаш и до 48 часа, кога започнуваат да се забележуваат ефектите од каснувањето. Виолина пајаците ги има во валканите подруми, складиштата и секаде каде има многу напаукнатини низ кои можат да влезат. Добра вест е што овој вид избегнува луѓе, па затоа има уште еден назив, пајак – осаменик.