ПравдаСветСиндикат

Отпуштени од работа без никакво објаснување – Турските општински работници протестираат

Отпуштени од работа без никакво објаснување - Работник
29views

Новоизбраниот Градоначалник на општината Болу во Турција отпушти 97 работници без никакво објаснување. Синдикатот Хизмет Ис, од првиот ден презеде акција за да ги заштити правата на работници и побара од властите во Болу да ги вратат на работа отпуштените работници, пишуваат од Меѓународната Федерација на синдикати од јавен сектор – ПСИ, на нивната веб страна.

Според нив новиот Градоначалник, Танју Озкан од главната опозициска партија ЦХП, пред да биде избран и откако стана Градоначалник вети дека сите локални државни работници дека ќе останат на работа, како и ќе имаат слобода на здружување. Но, после неколку денови откако станал градоначалник, тој ги прекршил неговите ветувања.

Истакнаа дека Хизмет Ис започна протест пред општината Болу кој трае веќе 100 дена. Работници останаа без работа, нивните семејства страдаат, а нивната надеж за стабилна иднина им била одземена.

„Синдикалните претставници од Хак Ис Конфедерацијата и Хизмет Ис синдикатот водеа марш од 600 работници, претставници на невладини организации и членови на општеството и во период од 10 дена тие направија 200 километри од Болу до Анкара во знак на протест. „Прошетката на трудот и правдата“ заврши со големи демонстрации во Анкара пред седиштето на ЦХП“, наведоа од ПСИ.

Сепак проблемите продолжија. Барањата на работниците и нивните синдикати се постојано одбивани и игнорирани. Синдикалниот лидер, Махмут Арслан истакна дека доколку властите не ги повлечат отказите, на 23 август ќе биде покренат штрајк со глад.

Синдикатот Хизмет Ис побара меѓународна поддршка во борбата против синдикалната репресија и отпуштањето на општинските работници.

Генералниот Секретар на ПСИ, Роса Паванели и Генералниот Секретар на Европската Федерација на синдикати од јавен сектор – ЕПСУ, Јан Вилен испратија заедничко писмо до Градоначалникот во коешто бараат враќање на работниците на работните места.