ЕкономијаСветСветот на работникот

Отсега полесно до работа во Германија

210views
Од 1 март во Германија стапува во сила нов Закон за доселување стручњаци. Тој се однесува на квалификувани работници од земји надвор од ЕУ, значи и од С. Македонија. Што се регулира со овој закон и што се менува со него?

Да се живее и работи како странец во Германија не е лесно. Сојузна Република Германија никогаш не се гледала себеси како доселеничка земја. Но, во меѓувреме овде недостигаат повеќе од милион стручњаци. Лекари, медицински работници, инженери и информатичари и порано можеа да доаѓаат олеснето на работа во Германија преку т.н сина карта, но услов беше доста висока плата. Владата мораше да дејствува и усвои закон кој ја олеснува миграцијата од т.н. трети земји, односно држави надвор од ЕУ. Законот стапува во сила утре, 1 март 2020. Еве што е најважно:

Што во законот се подразбира под  стручњак?

Како стручњаци веќе не се сметаат само луѓе со висока стручна подготовка, туку и квалификувани лица чие стручно образование траело најмалку две години и е еквивалентно со германското образование. Дипломите мора да бидат признати во Германија.

Забрзано признавање дипломи

За признавање на дипломи е одговорна Централна меѓународна служба за вработување (ЦАВ) со седиште во Бон, која припаѓа на Сојузната агенција за вработување. Како функционира тоа е објаснето на интернет порталот  „Make it in Germany”, каде исто таа можат да се најдат соодветни линкови.

Нема веќе бескрајно чекање

Целта е признавањето на дипломите да заврши во рок од три месеци по предавањето на сите потребни документи. Процесот на издавање на визи за стручњаци во иднина би требало да трае најдолго 4 до 6 недели.

Извор: Дојче Веле