Правда

Паднале првите казни: Два трговци го прекршиле законот за неработна недела

Паднале првите казни - Работник
128views

Пазарните инспектори во Црна Гора велат дека одредбата за неработење во недела во главно се почитува, а утврдиле само две неправилности.

Имено, казнети се два трговци во Даниловград и Беране, бидејќи, како што вели инспекторката Нада Ѓурѓиќ, се осудиле да не ја испочитуваат обврската.

„Во Даниловград денеска затворивме еден драгстор и една самостојна продавница во Беране“, истакнала Ѓурѓиќ.

Како што пренесува РТЦГ Подгоричаните велат дека ќе им биде потребно малку време да се навикнат, но сметаат дека нема да им биде проблем поинаку да го испланираат викендот.